За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
- Обезбедување преводи на македонски и албански јазик
- Проверка на декларации и нивна усогласеност со законските и интерните регулативи и очекувањата на потрошувачите
- Oсигурување за точноста на содржината на преведени документи и проценка на ризици поврзани со производите
- Советување со менаџерите за набавки за технички прашања поврзани со обезбедување квалитет
- Комуникација со добавувачи, институции и останати бизнис партнери во однос на регулативите за прехранбени производи и други технички прашања
- Концепција и оптимизација на нови и постоечки работни процеси, како и координација на протокот на информации со релевантните оддели
- Исполнување на зададените KPIs во предвидените рокови
Твој профил
- Одлично познавање на албански и македонски јазик (познавањето на англиски или германски ќе се смета за предност)
- Пожелна универзитетска диплома (Технолошко-металуршки, Земјоделски факултет, Филолошки факултет или сл.)
- Минимално една година рaботно искуство на иста или слична позиција
- Одлично познавање на MS Office/Google Workspace
- Прилагодливост, флексибилност и одлични организациски вештини
Што нудиме
- Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
- Можност за обука во странство
- Стимулативна работа средина и одлична организациска култура
- Атрактивен компензациски пакет
- Приватно здравствено осигурување
- Пакет за добредојде на новите вработени
- ФитКит месечен буџет
Начин на аплицирање
Аплицирај со прикачување на твоето CV на линкот за апликација. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
Твојата апликација ќе биде внимателно разгледана.
Твоето CV ќе биде зачувано во нашата база на податоци 1 година и по истекот на тој период истото ќе биде избришано. Ние ги чуваме податоците во овој временски период во случај да имаме друга работна позиција која би можеле да ти ја понудиме.
Во меѓувреме, доколку решиш да ја повлечеш својата апликација, можеш да го сториш тоа доколку ни испратиш маил на jobs@lidl.mk и ние веднаш ќе ја избришеме истата.
Со поднесување на твоето CV или кој било друг документ или апликација за работа, експлицитно се согласуваш дека можеме да ги обработуваме твоите лични податоци за целите на процесот на регрутација. Повеќе информации за начинот на кој ги обработуваме твоите лични податоци и други релевантни информации се дадени во нашата Политика за приватност која се наоѓа на следниот линк:
https://jobs.lidl.mk/mk/privacy-policy